favicon

Наши членки

favicon

Критериуми за членство на онлајн-медиуми во Регистарот на професионални онлајн медиуми

Mоже да членуваат онлајн-медиуми што:

  1. Имаат МК-домејн.
  2. Имаат наведено веродостоен импресум (име и презиме на главен, односно одговорен уредник, и состав на редакцијата), адреса и други неопходни податоци за контакт.
  3. Редовно објавуваат информативни содржини од јавен интерес.
  4. Ги наведуваат датумот и часот на објавување на своите содржини.
  5. Имаат регистрирано деловно активно трговско друштво или деловно активно здружение на граѓани што не учествува на пазарот на комерцијалното и политичкото рекламирање и огласување.
  6. Транспарентно ги декларираат сопственоста и начинот на финансирање согласно со законите, а по наше барање, презентираат и податоци неопходни за ажурирање на членството.
  7. Имаат најмалку двајца вработени во редакцијата, согласно со Законот за работни односи.
  8. Редовно објавуваат авторски содржини, со почитување на авторските права во согласност со законот и во согласност со Основните правила на преземање содржини меѓу нашите членки.
  9. Имаат објавено ценовници за рекламирање.
  10. Видливо ги означуваат платените комерцијални содржини.
favicon

Основни правила на преземање содржини меѓу членките

  1. Професионалните онлаjн-медиуми, наши членки ги почитуваат авторството и авторските права согласно со законот, како еден од клучните етички и професионални стандарди на новинарската професија.
  2. Под поимот содржини во контекст на овие Основни правила се подразбираат текстови со различни жанровски особености, фотографии, видеа и други мултимедијални содржини, со кои медиумите известуваат за настани и појави од најразлични области, како и мислења во различни жанровски облици.
  3. При преземањето содржина од друг онлајн-медиум, задолжително е во насловницата (во наднасловот, поднасловот, или во насловот, а по исклучок кога нема поднаслов, во лидот, односно во првата реченица на веста) да се наведе од кој медиум е преземена содржината.
  4. Покрај правилото од точка 3, при преземање содржина од друг онлајн-медиум, потребно е на соодветно место да се објави хиперлинк до изворната содржина.
  5. На начинот опишан во точките 3 и 4, дозволено е преземање најмногу до 20 отсто од оригиналната содржина.
  6. Секој медиум за одделни содржини, за кои смета дека имаат карактер на ексклузивност, може да постави дополнителни услови за преземање (ембарго за преземање и слично), при што дополнителните услови ги објавува за секоја содржина, со јасен и видлив текст или со друг вид јасна и разбирлива ознака.
favicon

Формулар со критериуми за членство во ЗЗУИМ onlinemedia.mk

Онлајн формулар

Со пополнување на овој формулар, аплицирате за членство во Здружение за заштита и унапредување на интернет медиумите ONLINEMEDIA.MK. На Вашиот email ќе добиете PDF од апликацијата. Ви благодариме за пријавата. На Вашиот email ќе добиете PDF од апликацијата. Ве молиме испринтајте ја, ставете печат, скенирајте ја и пратете ни ја на info@onlinemedia.mk

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
1. Вашиот медиум има импресум (да се наведат):
3. Има истакнат ценовник за рекламирање;
4. Ќе се придржуваме до одлуките на ОНЛАЈНМЕДИА.МК;
5. Се согласуваме и ја поддржуваме саморегулацијата и критериумите на здружението ОНЛАЈНМЕДИА.МК;
favicon

Здружение за заштита и унапредување на интернет медиумите ONLINEMEDIA.MK

Претседател
Владимир Кошевалиски

info@onlinemedia.mk

Кеј 13 Ноември бр. 8/2-3 Скопје, Македонија

favicon

Блог